Скопската фризерница „В.Е.З. трејд“ немала да го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите.
„А1он“ дојде до документот според кој четири организации имале повеќе бодови од фризерницата. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Кај одбиената организација е констатирано дека има судир на интереси, а претседателката веќе има поднесено тужба до Управниот суд, но и жалба до Брисел.
Сличен конфликт на интереси има и кај сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, но сепак тој добил грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Според ранг-листата до која дојде „А1он“, од првото и второто место на резервната листа се преместени здружението на граѓани „Платформа за зелен развој“ со 83 бода и Бизнис-конфедерацијата на Македонија со 82 бода. Според извори на „А1он“, одлуката за да не се финансираат двете организации е поради големите буџети што ги имале иако претходно било направено и кратење. Финансиран е треторангираниот апликант, средното училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, на кое му се одобрени 125.068 евра, а побарани биле 135.935 евра.
Училиштето добило грант за проектот „Избери сирење – резултат“, кој, според описот, има цел да поттикне производство на сирење од мал обем преку обезбедување обуки и активности за развој на производи. Доколку се финансирале проекти според ранг-листата, буџетот од 448.742 евра ќе бил потрошен со доделувањето грантови на првите три организации.
ЦЕЛАТА ВЕСТ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА А1ОН