Во исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо, сведокот Анета Георгиева рече дека во декември 2018-та година, Фуркан и Ангела дошле кај неа во 6 часот наутро.
По одредено време, Фуркан Али рекол дека убиле човек. Според нејзиното сведоштво, Анета ја погледнала Ангела на што таа само потврдила. Ги прашала дали се сериозни на што одговориле „да“.
Сведокот додаде дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и не делувале воопшто вознемирени вечерта.