петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФЗО задолжен да изнајде решение за мајките на кои им завршува породилното отсуство

ФЗО задолжен да изнајде решение за мајките на кои им завршува породилното отсуство

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со изнаоѓање решение за мајките на кои во овој период им завршува породилното отсуство рече дека утрово ова прашање го дискутирале на Централниот штаб на кој се задолжи Фондот за здравствено осигурување да изнајде решение.

-Дискутиравме за две можни решенија – дали може технички да се запишат административно децата во градинка или Фондот да го продолжи породилното отсуство. Дозволете согласно ова задолжување да се изработи соодветно решение, верувам до крајот на неделата, но една форма на решение сигурно ќе има, ќе може или продолжување на отсуството или запишување во градника, но решение ќе се изнајде, посочи Филипче.

Додаде дека постои можност уште во текот на утрешниот ден да ги завршат сите состаноци, а јавноста ќе биде информирана.

Најнови вести