Реторика која обединува, говор без напад кон ривалите, но со точни решенија за проблемите.
Ваков беше говорот на Христијан Мицкоски по изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 17-тиот редовен конгрес.
Говорот на Мицкоски по неговиот реизбор за лидерската позиција, привлече големо внимание.
Беше различен од досега и посветен исклучиво на партиските цели, со повици за обединување. Во говорот немаше ниту критика кон опонентите, односно актуелната власт.
Но тоа не беше случај со другата страна.
Владините полтрони веднаш започна со обвинувања за во рубриката ,, верувале или не” дека терминологијата која ја искористил Мицкоски во една реченица од своето обраќање била користена од фашистите на Бенито Мусолини.
Спорната реченица која ја употреби во обраќањето кон делегатите е пораката на Мицкоски дека партијата се обединува како тенки гранки собрани на едно место и во еден сноп кои стануваат непобедливи и нескршливи.
Во продолжение Ви пренесуваме неколку примери од личности кои немаат врска со фашизмот во кои се користи терминологијата која вчера ја употреби Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Реган: Да се обединиме како тенки гранки врзани заедно, за светот да види сила на заедништвото и слободата
Community Leaders at the Great Hall 1984
Трамп: Важна е идејата со која ќе се врземе силно како гранки на едно дрво
Arisona 2016
Сенека, Рим
Гранката е тенка, но снобот гранки е нескршлив
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го одржа еден од најобединувачките говори. Ниту збор напад кон своите политички ривали, но тоа точно посочување на решенијата и проблемите со кои се соочува Македонија.
Во она што го нарекува втора епоха на партијата, Мицкоски побара општествена мобилизација од страна на секој поединец и подавање рака за преродба на државата, обнова и промени кои ќе ја донесат новата иднина.
Тој додава дека заедничкиот патриотизам не е само празна флоскула туку филозофија врз кој почива оваа втора епоха.
Мицкоски во својот говор за првпат го истакна терминот „заеднички патриотизам“.
Тој објасни дека заедничкиот патриотизам е подавање на рака едни со други во име на напредок кој заеднички го сакаме и оти ВМРО-ДПМНЕ се отвора кон сите Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и нуди соработка за подобар живот.
Заедничкиот патриотизам значи создавање на имунитет кон секој обид на манипулација на власта кон етничките прашања кои нè разединуваат. Видовме дека нема ваши и наши, дека сите ние сме под истиот покрив кој подеднакво прокиснува за сите, кому му треба поправка и силно реновирање за да го вратиме сјајот и да биде подеднакво заеднички. Заедничкиот патриотизам од тој нов договор да ги градиме училиштата во Битола и Тетово, подеднакво како во скопско Ѓорче и скопски Чаир. Заедничкиот патриотизам од тој нов договор е да си ги вратиме децата кои поради истите причини ни се распослаа низ светот и сега ги затворија куќите, нагласи Мицкоски.
Јасно е дека Мицкоски сака во следниот период кога ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе дојде на власт да обезбеди иднина на сите граѓани на Македонија без разлика на етничката и верската припадност бидејќи само така државата може да напредува и политички и економски.