сабота, 27. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Галовеј загрижена за корупцијата: Не секој во земјава сака реформите да успеат!

Галовеј загрижена за корупцијата: Не секој во земјава сака реформите да успеат!

Сите јасно се согласуваме дека членството во ЕУ е примарна цел и за Северна Македонија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавуваат на тој пат, не треба да се откажувате, порача британската амбасадорка Рејчел Галовеј во обраќањето на Првиот Скопски економски форум.

– Во изминатите три години Северна Македонија многу напредна и тоа треба да продолжи. Земјата ги исполни барањата во врска со стабилноста, реформите, договорот со Грција, а членството во НАТО е огромен придонес за мирот и стабилноста во регионот – рече Галовеј.

Според неа, најголем проблем е корупцијата, тоа ѝ попречува на демократија и е пречка за развојот на економијата.

– Клучна е и регионалната соработка. Соработката со Грција напредува и има уште голем потенцијал. Потребна е регионална соработка. Луѓето се најзагрижени поради невработеноста. Реформите треба да одат паралелно со интеграцијата во ЕУ – владеење на правото и развој на економијата. Но, не сите во земјата и во светот сакаат тие реформи да успеат, зашто се водат од своите интереси и ги злоупотребуваат билатераланите несогласувања. Шоковите како пандемијата се предизвик. Северна Македонија има амбициозни цели и ако трпеливо и посветено ги решите предизвиците земјата ќе може да биде пример за регионот – рече Галовеј.

Амбасадорот на Италија Андреа Силвести истакна дека Рим ја поддржува европерспективата на сите држави од Западен Балкан. С Македонија, рече италијанскиот амбасадор, направи многу и Советот на ЕУ во март 2020 реши дека треба да ги почне преговорите за членство. Сепак, вели, останува уште многу и да се постигне бидејќи европската интеграција е процес.

– Од тие причини сите чекори треба да се преземат внатрешно во однос на реформите, законодавството да се усогласи со актите на ЕУ. Значи агендата со реформите треба да продолжи и ова може да се направи на регионално ниво. Ова е пристапот кој што Италија силно го поддржува – нагласи амбасадорот Силвестри.

Италија е меѓу главните економски инвеститори во регионот, кој рече е од стратешка важност за Рим и затоа поддржуваат иницијативи како ЦЕИ, Јадранско-јонската, а ја нагласи и важноста на инфраструктурното поврзување.

– Многу е важно да заврши и Коридоот 8 кој се вкрстува со Коридорот 10. Тоа е можност за вашата држава и вие треба да делувате како регионален центар не само како една држава каде се вкрстуваат патиштата, туку навистина да станете една држава центар. Мора напорно да работите дополнително за да привлечете инвестиции – рече Силвестри

Поголемата регионална соработка, додаде тој, ќе овозможи поефективно да се решат некои други заеднички предизвици како борбата против трговијата со луѓе, климатските промени, тероризмот…Инфраструктурата и регионалната соработка се предуслов за економскиот прогрес, но само тие не се доволни, потребно е да се вклучат и граѓаните, порача Силвестри.

Најнови вести