Двата клубови „Мош“ и „Интермецо“ се затворени десетина дена откако газдите се криеа и не сакаа да ги подигнат решенијата за пломбирање.
Пазарната инспекција во саботата ги нашла сопствениците на кои им врачила забрана за работа во времетраење од 10 дена. Изречена им е и казнена глоба.
Ова доаѓа откако минатата недела градоналникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека жителите постојано се жалеле на гласна музика која доаѓала во доцните вечерни часови од овие два објекти.
Во меѓувреме двата клубови чекале да помине првоаприлската забава под маски, каде во еден од локалите настапувала и пејачката Тамара Тодевска, а од неделата рано утрото ставиле клуч на врата.
Инаку минатата недела Пазарната инцпекција со денови ги бараше сопствениците за да им ги достават казните, но откако не ги најдоа тоа го направиле преку пошта, но процесот на пристигнување на решенијата бил многу спор, па се изгубило дополнително време.