вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГДУ нема да учествува на избори во Штип: „Лудост е да има избори кога болниците се преполни“

ГДУ нема да учествува на избори во Штип: „Лудост е да има избори кога болниците се преполни“

Во услови на корона криза кога болниците веќе се преполни, медицинскиот персонал истоштен, да бараш предвремени локални избори во Штип е апсолутна лудост, глупост и неодговорност. ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА се за одлагање на изборите, кое реално им дава уште неколку месеци власт на СДСМ во Штип. Тоа е апсолутно наместена утакмица, во која ние како ГДУ немаме намера да учествуваме. Каква е логиката тие кои така или инаку ќе се на власт, со в.д.градоначалник, како што е со СДСМ во Штип, да сакаат да одиме на избори?, стои во Фејсбук статусот на Петар Колев.

– Ќе потрошиме неколку милиони за кампања, маици, пенкала, глупости изнапишани во предизборни програми, пари кои се од даноците на штипјани и другите граѓани на Македонија, наместо да ги насочиме кон здравството.
Ќе создадеме опасност за здравјето и ќе имаме избори со најниска излезност, кои автоматски ќе го компромитираат изборниот процес, пишува тој.

– ГДУ како политичка партија која учествуваше на последните парламентарни избори, нема да учествува со свој кандидат на овие избори и ќе поведеме кампања во која ќе им објасниме на граѓаните дека е апсолутна глупост во корона криза, додека политичарите лапаат тендери по Штип, вработуваат партиски војници и лажат кај ќе стигнат, ние да си го ставаме здравјето во ризик одејќи од врата на врата и излегувајќи на избори.
Ајде барем еднаш да бидеме над личните и тесните политички интереси и да надвладее разумот! И за моја огромна жал нека ни е „честита“ првата блокада од Бугарија, како што би рекле нашите сограѓани албанци-„ЈА ГА ЧУДИМ“, вели Колев.

Најнови вести