четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа на Фејсбук: Комунистичката демократија на Владата на СДСМ-ДУИ!

Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа на Фејсбук: Комунистичката демократија на Владата на СДСМ-ДУИ!

Во текот на денешниот ден, во полициската станица во Тетово, беше викнат на информативен разговор активистот на Движењето Беса, Артан Етеми, за негова наводна инволвираност во поставување “знаци” што се појавија вчера во Тетово, пишува генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа на Фејсбук.

-Замислете колку „силна“ држава имаме, кога во рок од 24 часа процесуира случаи, бидејќи е засегната политичка партија која е во владата, додека истата држава веќе 28 години не успева да ги искорени криминалот и корупцијата. Денешната постапка на полицијата во Тетово е враќање во комунизмот, кој како што изгледа кај некој сеуште е дел од политичката идеологија. Оваа влада, која дојде со ветување дека ќе донесе правда, се чини дека ја испомешала правдата со комунизмот. Ние нема да дозволиме некој да го истура својот гнев со вршењето притисок и покажување моќ врз активистите на Движењето БЕСА.
СРАМ ЗА ВЛАДАТА КОЈА ЈА РУШИ ДЕМОКРАТИЈАТА, додава Хоџа.

Најнови вести