петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералниот секретар на СДСМ се прости со Трајче

Генералниот секретар на СДСМ се прости со Трајче

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се прости со Трајче Нешковски кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“.

-Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време. Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец. Почивај во мир Трајче, напиша Николовски на Фејсбук.

Нешковски при возење доживеал срцев удар и се заби во дрво на „Рузвелтова“. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат. Медиумите шпекулираа дека тој бил во алкохолизирана состојба, но болнички тврдат дека тоа не е точно.

Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во…

Gepostet von Ljupcho Nikolovski am Mittwoch, 14. Oktober 2020

Најнови вести