„Прибери се… Ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“, му пишува Раде Милошоски на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм.
„Ти ветувам дека брзо ќе се видиш со луѓето на херојот Љубе, за да позборуваме како пријателчиња за твојата злоба, за за тоа колку си ти сестра или јуначиште… ај зе гледаме и пишувај со факти многу се расфрлаш мислиш си интересен манијакуваш…“
Со овие зборови Раде Милошоски, генерален секретар на Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошковски, отворено му се заканува на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм, познат по често неумерените критики и написи за познати јавни личности, објавува ПлусИнфо.
Повод за оваа закана е написот на порталот под наслов „И онаа криминална будала сестра Љубе добила задача од Заев да удира на ВМРО“.
Генсекот на Обединети за Македонија прво го опоменува Стаменковски: „Марјан, прибери се ја поминуваш црвената линија…“ На крајот од коментарот, Милошоски пишува: „Толку од луѓето на Љубе, ти пишувај си… твое е ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“.