среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Георгиевски откако изјави дека македонскиот јазик не постоел до 1945: Јас не сум ништо друго освен Македонец

Георгиевски откако изјави дека македонскиот јазик не постоел до 1945: Јас не сум ништо друго освен Македонец

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели дека тој не е ништо друго освен Македонец.

Одговарајќи на прашање како ќе се определи на претстојниот попис во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Георгиевски вели дека и тука и во Бугарија кажал дека тој не може да се определи како ништо друго освен како Македонец.

-Јас тоа секаде сум го кажувал, дури и во Бугарија а последен пат токму на нивното радио Фокус, пред три дена ми го поставија истото прашање. И ним и на сите им велам, јас освен Македонец, не можам никако да се определам, изјави тој.

Во емисијата тој уште еднаш ги повтори своите позиции во однос на историските спорни прашања со Бугарија.

Инаку Георгиевски во истото гостување се стави во одбрана на ставот на Бугарија, велејќи дека македонскиот јазик не постоел до 1945, сите илинденци пишувале и говореле на бугарски.

„Во времето на Османлиската Империја, во сите организации кои постоеле и македонски револуционерни и нереволуционерни, граѓански и црковни официјален јазик за користење е бугарскиот јазик и писмото“, рече Љубчо Георгиевски во гостување на „Стадион“ на Канал77.

Георгиевски додаде дека во тоа време граѓаните само пишувале на бугарски јазик.

„Треба да си признаеме, тоа да биде еден вовед на нивната теза, да кажеме дека до пред кодифицирањето на македонскиот јазик, македонската интелигенција, македонските револуционерни организации официјално го користеле бугарскиот јазик и писмо“, нагласи Георгиевски.

Георгиевски посочи дека документите, статутот и командите на тогашно ВМРО се пишани на бугарски јазик.

„Писмата на Гоце Делчев независно од содржината дали се изјаснувал вака или така, Гоце Делчев има и општи писма, дава наредба ти оди таму ти оди ваму, Гоце Делчев има 30-тина лични писма сите се пишани на официјален литературен бугарски јазик. Ѓорче Петров има и книги кои се напишани на официјален бугарски јазик. Да не зборуваме дека илинденски востаници и команданти има 120-130 книги на спомени кои што ги имаат напишано луѓе, комити кои што се бореле, на бугарски јазик“, истакна Георгиевски.

Најнови вести