вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Георгиевски открива: Заев и прифатил на Бугарија дека Гоце е заеднички јунак

Георгиевски открива: Заев и прифатил на Бугарија дека Гоце е заеднички јунак

Поранешниот премир на Македонија, Љупчо Георгиевски во своето вечерашно гостување на емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 открива дека Зоран заев и прифатил на Бугарија да признае дека Гоце Делчев е заеднички јунак и дека за тоа, тој и претседателот Стево Пендаровски се подготвено да потпишат посебна декларација.

Ова Георгиевски го опишува не како напредок, туку како вистинска револуција која се случува во Македонија и жално е тоа што Бугарија не го гледа.

– Во неколку наврати Заев и Пендаровски се изјаснија дека се спремни да потпишат некоја декларација со која би прифатиле дека Гоце Делчев е заеднички јунак. Тоа е револуција која се случува во Македонија. Да кажеш дека гоце Делчев е заеднички јунак, тоа е како Бугарија да води 1-0, но после тоа да стави вето за ЕУ, тоа значи дека Бугарија од водство од 1-0, го изгуби натпреварот службено 3-0, рече Георгиевски, кој појасни дека бил во Бугарија на средби со државниот врв за да им објасни дека не треба да ставаат вето на Македонија за влез во Европската унија.

Најнови вести