Повеќе билборди платени и поставени од СДСМ во кои партијата се фали дека таа спроведува добри проекти а ВМРО-ДПМНЕ правела штетни работи денеска имаат назнака лажна вест.
На повеќе билборди најверојатно од ноќеска им е додаден дел на кој пишува fake news или лажна вест.
Кој ја додал ознаката лажни вести засега не е познато иако може да се претпостави дека герила акцијата ја направиле активисти на опозицијата кои сметаат дека СДСМ лаже во својата кампања преку скапо платените билборди.