сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Герила акција: Низ штабовите на СДСМ во Скопје се појавија плакати со оглас за вработување во АРМ (ФОТО)

Герила акција: Низ штабовите на СДСМ во Скопје се појавија плакати со оглас за вработување во АРМ (ФОТО)

Изминатата вечер во Скопје се случи герила акција во која осамнаа плакати со огласи за работа низ штабовите на Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Низ штабовите на СДСМ во Скопје се појавија плакати со оглас за вработување во АРМ, регрутни центри, одговорни лица Миле, Цаци и Диме.

Оваа герила акција доаѓа откако на официјалната фејсбук страница на СДСМ Арачиново, кандидатите кои што аплицирале за работа во АРМ се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај раководството на истата.

-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на Фејсбук.

Во меѓувреме откако Курир ја објави скандалозната информација, истата беше отстранета од социјалната мрежа на Фејсбук.

Најнови вести