среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Герила акција во Неготино: Исчезна двојазичната табла!

Герила акција во Неготино: Исчезна двојазичната табла!

Не издржа долго двојазичната табла пред деловницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, со натпис на македонски и на албански јазик.

За нејзиното отстранување извести „Беломорска партија“ на Фејсбук.

„Неготино и Кавадарци покажаа колку им значат Северџански и двојазични табли. Наскоро ќе дознаат Северџаните дека кратко им е времето на Македонската земја. Република Македонија засекогаш“, стои во објавата за герила акцијата против таблата на два јазика во општината во која на последниот попис во 2002 година се регистрирани 0,1 отсто Албанци или вкупно 30 од 19.212 жители.

Извор: Експрес.мк

Најнови вести