вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Гледам позитивно на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ААА-АА

Героски: Гледам позитивно на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ААА-АА

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со опозициските партии од албанскиот блок според новинарот Бранко Героски е позитивен чекор и смелост.
Како што рече тој вечерва во гостување во емисијата Жешко политичко лето на Канал 5, со ова се зголемува капацитетот на опозицијата за победа.

Јас гледам позитивно на смелоста на ВМРО-ДПМНЕ конечно да стапи во една јасна, отворена предизборна коалиција. Со тоа се зголемува капацитетот на опозицијата да направи нешто повеќе на овие избори, да дојде дури до победа што во тој круг се очекува, вели Героски.

Најнови вести