сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Имавме Сваровски судство, Луј Вутон обвинителство, а од СДСМ до сега не видовме реформи и борба против корупција и криминал

Героски: Имавме Сваровски судство, Луј Вутон обвинителство, а од СДСМ до сега не видовме реформи и борба против корупција и криминал

Нас ни е потребно подигање на стандардите во правосудството, но прашањето е дали ние имаме капацитет за тие хокеарски потези, а ако промените се козметички тогаш има капацитет, ама за длабоки реформи немаме. Истите луѓе во правосудството служеа на државата и на владеачките елити во цел период на независна Македонија. И ги нарековме Сваровски судство, па Луј Вутон обвинителство. На тие луѓе треба да им се овозможи да работат по правила, ако луѓето ги ставите под притисок се доаѓа до тоа да имате систем на расипување на администрацијата, а таа администрација е расипувана три децении, рече новинарот и аналитичар Бранко Героски на гостување на емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според него само системските решенија се одговор на лошата ситуација во повеќе области и воопшто во државата.

-Имавме една институција како СЈО, но таа не беше системско решение, туку имаше кадровски решенија. Таа институција се сруши во внатрешна корупција, кога ги решавате на ура работите не добивате ништо, затоа се потребни системски решенија, рече Героски.

Тој посочи дека веројатно е можен генерален реизбор на судии, но и во други области, но ние, додаде Героски, немаме доволно кадар во ниту една област, и тој факт мора да се земе во предвид.

-Вие може да направите неколку смени, но тоа не е решение. Со оваа влада не видовме ништо. Се зборуваше дека им требало оптимизам, демек со оптимизам се решавал криминалот, не тој се решава со постапки, посочи Героски.

Најнови вести