вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Јасно е од корупциските скандали дека станува збор за рекетарска шема во која е Заев, Дончев

Героски: Јасно е од корупциските скандали дека станува збор за рекетарска шема во која е Заев, Дончев

Смислата на разоткривањето на корупциските скандали, или има сериозен рекет, притисоци врз компании, и сето тоа е логично да завршува со правна завршница. Тоа беше поента на реформата, а јас сум сигурен за сите случаи кои ги објавив. Тука мислам на случајот со Дијамед, треба темелна разврска. Купецот е Дијаверум и ги врши услугите за дијализа, дадени се пари на продавачот, но парите се блокирани. Има информации кои ги знам, зборувам за исплатите на рекет, најавив дел зошто имам сигурен исказ. Пари кои се земани од Диамед и од другиот оператор, тоа се серизони пари на месечно ниво, ако се се собере заедно тоа оди преку 800 илјади евра сигурен сум дека тоа не е се, но очекувам актерите како обвинителството кое истражува, а Дончев веќе беше повикан во полициска станица за исказ очекувам да ги откријат тие суми, Рече новинарот Бранко Героски на гостувањето на емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Героски посочи дека во сите приказни, во сите случаи се вртат истите ликови.

-Очигледно е дека станува збор за рекетарска шема, за еден мал рекетарски октопод што се обидел да рекетира на различни страни, кажа Героски.

Според него е добро што работите за кои пишувал излегуваат, се разоткриваат, има и нови бомби, видео материјали и слично.

-Слушаме во разговорите како се зборува дека поранешен премир, Заев дава пас, како се говори за лини интереси, и се е многу јасно, вели Героски.

Најнови вести