четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Геровски: Изборите беа референдум, Заев и СДСМ изгубија, немаат поддршка од народот ни легитимтет

Геровски: Изборите беа референдум, Заев и СДСМ изгубија, немаат поддршка од народот ни легитимтет

Заев рече дека ако ги изгуби локалните избори и Скопје дека ќе си даде оставка. Имавме поднесување оставка на премиерот, не беше понудена, туку соопштена на официјална прес конференција. Оставката беше јасно образложена како прифаќање на одговорноста за изборниот пораз кој сите знаеме дека е голем и практично дебакл за СДСМ и јасно изразена политичка волја на електоратот, изјави за „Само вистина“ на Канал 5 новинарот Бранко Геровски.

Геровски истакна дека тоа што понатаму на Заев му следува е процедурална егзекуција на неговата јасно изразена волја ако држи до неа и покрај битката за мнозинството бидејќи граѓаните си го кажаа своето.

– Во моментот битката за мнозинството стана понеизвесна, но со пратениците не се знае, како што рече Трајанов „берзата е отворена“. Како и да е до четврток ќе имаме расплет ќе знаеме дали владата на СДСМ ќе остане или Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја паднат владата. Изборите не беа само локални беа малку повеќе од тоа, тие беа и референдум за или против СДСМ, и на тој референдум Заев загуби.

Според Геровски изборите се одмерување на изборното расположение и тоа е многу важно и токму затоа предвремени парламентарни се објективност која ќе се случи.

Кога ќе завршат избори логиката е во тоа да се спроведе волјата на гласачите, вие не можете да одите против таа волја. Се гледа дека Заев нема поддршка кај електоратот, нема легитимитет, нема моќ и сила.

Најнови вести