петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Ги почитувам стратешките интереси на САД, но тоа не значи да не се бориме за македонските интереси чија борба мене ми импонира“

„Ги почитувам стратешките интереси на САД, но тоа не значи да не се бориме за македонските интереси чија борба мене ми импонира“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на 30-от  роденден на УМС кажа дека ги почитува стратешките интереси на САД, но дека македонските интереси му се многу поважни.

-ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на САД. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија. И таа борба мене ми импонира. ВМРО е народна партија и секогаш била и ќе остане. Главното прашање е колку со договорите се подобри квалитетот на живот, и дали народот е задоволен неколку години потоа, каде се ветувањата на Заев дека ќе дојде ЕУ, дека ќе дојдат високите плати, бесплатното здравство, отворање на границите и бесконечни можности? Јас сум реалист и треба реално да се говорат работите, изјави Мицкоски

Најнови вести