„Дефинитивно со реформите предвидуваат да оди на некој математички пристап што во образованието е тешко спроведлив. Да речеме дека двојката и петката треба да излегува некоја средина па сега треба да влечат наставниците дали ќе биде помалата или поголемата оценка“, истакна претседателот на Независниот синдикат за образование и наука и професор по географија Томислав Гиевски во „Што не е јасно“.
Гиевски додаде дека на пример по предмето географија учениците имаат многу послаби оценки од по историја. Нема начин на тоа како да се спроведе замислената реформа на власта, а учениците да не се оштетени.
„На сите вработени во образованието, многу брзо им дојде ова и прерасна во недоверба во системот. Повеќе работи кога ќе се соберат крајниот резултат е „НЕ“. Јас скоро и да не сретнав луѓе што рекоа супер ќе има реформи“, рече Гиевски.
Гиевски посочи дека кога ќе се прави реформа треба вработените да се позитивни, но кога се негативни значи реформата не оди во добра насока.