– Да имавме овие 30 години наназад чесни политичари, луѓе кое кажале дека ќе прават стратегија, ќе ја прават државата да биде подобра како што има во соседството, каде што немало милион афери – овој украл, оној направил, овој го затвориле, овој е приведен што е македонско секојдневие, тоа создава кај луѓето да има револт.
Хипотетички, да беше истата плата, да немаше афери во последниве 10, 20 или 30 години и да излезеше лидер на политичка партија да рече како во Германија ’45 после војната – катастрофа е ситуацијата, ќе работиме во интерес на народот, ама тука не може да се појави таков лидер затоа што секој ден најразлични афери поврзани со незаконски суми за заработка. Ете тука е проблемот, од тука аргументите им се слаби на другата страна затоа што вестите се преплавени со такви работи. Да беше обратно, да речевме дека немало такви ситуации, ако немало такви ситуации големи се шансите да им имало повеќе пари во буџетот ако имало непотребни потрошувања и сега ќе кажеа дека ќе покачат не за толку колку што очекуваат работниците, но работниците со образ ќе речеа дека веруваат во тоа општество и веруваат во тој што ги води, рече Томислав Гиевски, претседател на независниот синдикат за образование и наука во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно” на телевизија Алфа.
Гиевски додаде дека кај членството врие затоа што во последните 3-4 месеци со растот на цените добиле милион пораки и коментари од страна на колеги дека нешто мора да се преземе. Токму затоа организирале протести, направиле одредена форма на притисок и заедно со СОНК тргнале во целиот тој процес на штрајк.