петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гир се воздржа од коментар за писмото од австрискиот амбасадор

Гир се воздржа од коментар за писмото од австрискиот амбасадор

Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава амбасадорот Дејвид Гир се воздржа од коментар за наводите во писмото на австрискиот амбасадор за нанесена штета на австриска фирма во судски процес, и при тоа посочи дека како дипломати треба да се посветени на промовирање позитивна средина за инвестирање.

-Како што реков, не сакам да коментирам за овој случај, ова писмо. Очигледно е дека е важно, ние, како дипломати, да дадеме се од себе за да промовираме позитивна средина за инвестирање, бидејќи тоа е во заеднички интерес – и на бизнисите од ЕУ, но и на бизнисите и граѓаните тука. Општо кажано, како што знаете, е дека ние ЕУ, како и земјите членки сме многу ангажани во областа на владеењето на правото и судските реформи. Една од причините за тоа е да се осигураме дека има атрактивна бизнис средина овде за да имате повеќе директни странски инвестиции во земјава, во Велес, во други градови, кои ќе носат работни места и други практични бенефити на луѓето кои живеат овде, порача на новинарско прашање евроамбасадорот Гир во Велес каде присуствуваше на официјалното отворање на нова Europe House.

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

Најнови вести