петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Димитров ги прифати сите позиции на Бугарија со договорот, сега предупредува, тоа е бегање од сопствената совест, потребно е да се воспостави реципроцитет

Ѓорчев: Димитров ги прифати сите позиции на Бугарија со договорот,  сега предупредува, тоа е бегање од сопствената совест, потребно е да се воспостави реципроцитет

Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев, вечерва во отвореното студио на 24 Телевизија, истакна дека екс вицепремиерот Никола Димитров како креатор на договорот со Бугарија ги прифатил сите позиции на Бугарија, а сега неговото предупредување е бегање од сопствената совест.

-Имајќи во предвид дека Димитров беше креатор на договорот за два месеци со господинот Виктор Димовски ги прифатија сите бугарски позиции кои претходно се преговараа од македонска страна пет ипол години, така тој требало да биде тогаш свесен кога го потпишувал договорот какви последици ќе има за Македонија, а кога таков договор е склучен кој вклучува една несиметрична и нееднаква положба спрема малцинствата каде Бугарија има право да се грижи за своето малцинство во Македонија, а Македонија нема право да се грижи за своето малцинство во Бугарија, вели Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека Димитров сега бега од сопствената совест и предупредува, кога тој требало да предупреди тогаш во 2018, 2019, 2020 година кога бил на функција во Владата, сега излегува дека предупредува за завршена работа.
Ѓорчев исто така посочи дека блокадата од страна на Бугарија најмалку не претставува цивилизациски и пријателски чин кон нашата држава, па сега со новиот премиер Петков се воочи дека е потребно да се стави внимание на економијата и инфраструктурата.

-Ние бараме реципроцитет, ратификувана е Националната рамковна конвенција за малцинствата во Бугарија во 1999 година и има должност да се грижи за бугарските граѓани со македонска самосвест, таков пристап е реципрочен пристап и тоа би било опортуно, посочи Ѓорчев.

Најнови вести