Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јано?“ на Телевизија Алфа, гостуваше поранешниот Амбасадор на Република Македонија во Софија, Марјан Ѓорчев.
Тој изјави дека многу порано требаше да им кажеме на Бугарите дека нашето членство во ЕУ не зависи и нашиот пат кон Брисел е самостоен.
-Ние требаше многу порано да им кажеме на Бугарите дека нашето членство во ЕУ не зависи од нив и дека нашиот пат кон Брисел е самостоен. Доколку ова им го кажеме немаше да биде толкав притисокот од Бугарија, рече Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека цело време 17 години нас не третираат неправедно и не третираат неодговорно до ЕУ.
Ѓорчев потенцираше дека потребно е сите Македонци да застанат и да кажат дека ние сакаме да бидеме дел од ЕУ, но онака како што вие не третирате сметаме дека е неправедно и незаслужуваме таков третман. Ако тоа го кажеме можеби тие луѓе што преговараат ќе се свестат и ќе речат чекајте, претеравме.
-Ние сме држава со сите атрибути, направена по сите тертипи, сами сме се ослободиле и направиле државата. Треба да сме горди дека сме Македонци и сите Влади тоа треба да го почитуваат и да бидат свесни дека ако не го почитуваат тој пат не само што таа Влада ќе заврши со неуспех туки и ние ќе завршиме со неуспех, кажа Ѓорчев.