Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јано?“ на Телевизија Алфа, гостуваше поранешниот Амбасадор на Република Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев. Тој изјави очигледно е дека Бугарија со својата политика има поддржувачи во ЕУ.
„Сосема е извесно дека има силни поддржувачи во ЕУ на страната на Бугарија и епилог на сето ова е денешната седница на Eвропскиот Парламент кадешто ќе се гласа за вметнување на пакетот кој го бара Бугарија од нас“, рече Ѓорчев
Ѓорчев додаде дека вметнувањето во поглавјето 35 од Европскиот закон, дефинитивно значи преседан во Европа затоа што се вметнува билатерално прашање кое не е предмет на она што претставува Европскиот закон за преговори за кандидат членка за полноправен статус.
Ѓорчев потенцираше дека ваквиот начин на третирање и однос кон нашата држава Република Македонија е не само непринципиелен туку е и многу суров и недостонствен.
„Доколку се случи прифаќањето на Eвропскиот Парлемент и вметнувањето во поглавјето за преговори 35 барањата на Бугарија тогаш ние треба да реагираме храбро, достоинствено со дигната глава и да кажеме дека ние нема да прифатиме таква преговарачка рамка под такви услови“, посочи Ѓорчев.