среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Има ли полош резултат од нула, Македонија има нула вакцини, целиот свет ни се мајтапи со онаа кутија од Табановце

Ѓорчев: Има ли полош резултат од нула, Македонија има нула вакцини, целиот свет ни се мајтапи со онаа кутија од Табановце

На секој му треба повеќе вакцини, но колку помалку има од нула. Има ли полош резултат од нула, Македонија има нула вакцини. Нула, а тоа е ништо. Има еден куп мали земји, погледнете во ЕУ, Балтичкиве земји, Естонија, Латвија тие се помали од Македонија. Литванија е нешто со слична големина. Босна и Херцеговина почна со вакцинација пред недела дена донесоа вакцини. А, Албанија пред еден месец донесе вакцини и прв се вакцинираше премиерот Еди Рама. Мислам дека беше на 11.01 или 15.01. Ние сме најлоши на светот, заклучи Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Само Вистина“.

Ѓорчев додаде дека целата работа која што требаше да ја направи Венко Филипче и Зоран Заев ова година е да набави вакцини. -Грижата на Филипче и Заев за јавното здравје се сведе на една кутија на Табановце донирана како хуманитарна помош, милостина од Србија. Таа помош беше испросена и измолена. А, со таа помош ни се мајтапи целиот свет.

„Ние можеме да тераме и мајтап и подбив, хумор, сатира, но луѓе гинат и умираат заради тоа. Не можат воздух да добијат луѓето. Луѓето завршуваат на респиратори поради франпантната неспособност“, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека потребно е да се води држава, а не да се проси. -Оваа држава со оваа влада не функционира.

Најнови вести