„Од мој агол на гледање јас поинаку ги гледам овие случувања во македонската политика, затоа што ценам дека ништо не е краткорочно, ништо не е случајно во политиката. Нема случајни луѓе, случајни нешта, случајни настани. Така што тука нема според мене победници и поразени, грешки или победи. Има една работа, демократија е процедура, демократија не ги прави луѓето подобри туку им помага да се препознаат. Легитимно е да се бара во услови на една тешка политичка криза како што е сега Република Македонија енергетска, економска, здравствена криза, буџетска криза со голем буџетски дефицит, со голем јавен долг, легитимно е да се бара отчетност на позицијата“, истакна Марјан Ѓорчев во „Утрински Брифинг“.
Ѓорчев додаде дека легитимно е опозицијата да бара одговорност од власта кога Македонија се наоѓа во тешка криза.
„Од друга страна Владата легитимно треба да одговори на начин кој што ќе претставува нивно понатамошно опстојување или заминување од власта. Така што тука нема поразени и победници“, рече Ѓорчев.