четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Mорбидни и бизарни се „изборите” на СДСМ во ден со 25 мртви

Ѓорчев: Mорбидни и бизарни се „изборите” на СДСМ во ден со 25 мртви

Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од корона вирусот. Срамота е да се прогласува голема партиска победа на СДСМ и Зоран Заев додека стотици луѓе умираат се борат за воздух, се дават и се гушат, изјави на денешната прес конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес, Северен Заевистан имаше избори како во Северна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ. Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини. Фијаско, срамота и катастрофа, додаде Ѓорчев.

Најнови вести