среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев на европскиот самит во Виена, средба со директорот на ИРИ за Европа

Ѓорчев на европскиот самит во Виена, средба со директорот на ИРИ за Европа

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на европскиот самит на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Виена.

-Европскиот самит на ИРИ опфаќа теми поврзани со современиот развој на политичките партии, актуелните кампањи, како и соработка на партиите од десниот центар од Европа и САД. На самитот на ИРИ учествуваат предавачи и експерти од САД, Велика Британија, Франција, Полска, Чешка, Романија, Словенија, Австрија и други земји. Во рамките на самитот, Ѓорчев се сретна со Тиболт Мезгре, новиот програмски директор на ИРИ за Европа, соопштуваат од партијата.

На средбата станало збор за соработката помеѓу ИРИ и ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период и долгорочното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија од САД, како дел од вкупната соработа помеѓу двете земји.

Најнови вести