Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид, рече на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата. Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство. Почитувана македонска јавност, тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат, истакна Ѓорчев.
Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат, додаде тој.