Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев при своето гостување во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24 истакна дека предлогот Бесмира Ејупи за конзул во САД е несоодветен и за тоа говори реакцијата на дипломатксиот синдикат во МНР, ставот на интелектуалците, ставот на Советот на амбададори.
– Ова значи дека овој начин на предлагање на одговорни лица во дипломатијата е несоодветен. Кога се работи за конзул, тука се работи за технички работи кои секој човек не би можел да ги извршува и треба да помине многу години стаж во дипломатијата, рече Ѓорчев.