Катастрофална и ужасна е одлуката на Зоран Заев да оди по секоја цена на политички попис за да ги исполни коалиционите барања кои што ги презеде за време на формирањето на Влада. Тоа е огромен ризик за јавното здравје, луѓето ќе умираат, луѓе ќе се гушат, луѓе ќе одат по погреби само затоа што Зоран Заев решил да направи попис по секоја цена, изјави на денешната прес конференција, Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Разумно е пописот да се одложи една година, за тоа што Македонија е земјата која што има најмногу починати по глава на жител во светот и најмалку вакцини во светот. Неодговорно е попишувачите да одат секој ден во стотици и стотици домови, да се шири заразата, а луѓето да умираат. Тоа е катастрофална, нехумана, нечовечка одлука на Зоран Заев и неговите министри, посочи тој.