четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: СДСМ пробаа да направат некое ресетирање, но залудно им е бидејќи прочитани сеод народот

Ѓорчев: СДСМ пробаа да направат некое ресетирање, но залудно им е бидејќи прочитани сеод народот

„Апсолутно ова не беа локални избори. Овие избори беа важни, беа во фокусот локалните теми, инфраструктурни теми, училишта, патишта, асфалти, крпење дупки, улично осветлување и се останато. Факт е дека власта на СДСМ апсолутно потфрли таму со самото тоа што решија да кандидираат нови кандидати за градоначалници во најголемите општини. Значи СДСМ не излезе повторно со своите кандидати во Центар, Карпош, Аеродром, не излезе со нов кандидат во прилеп, Битола. И тоа значи дека самите признаваат дека имаат фијаско, пробаа да направат некое ресетирање, но прочитани се“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската програма на Алфа телевизија.
Ѓорчев додаде дека овие локални избори беа и референдумско несогласување на граѓаните со политиките на Заев.

„Граѓаните и родителите на децата и учениците, излегоа и кажаа НЕ на политиките на Мила Царовска. Значи Мила Царовска е жестоко поразена и делигитимирана во Скопје. Затоа што сите ние сме деца на родители, на мајка и татко, а јас имам право себеси да се наречам татко. Никој нема право мене да ми го одземе правото да бидам татко на своите деца или пак секоја мајка да биде мајка. Значи оние експерименти и политики кои што ги спроведуваше Мила Царовска врз нашите деца се жестоко поразени“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека секој граѓанин има право на книги. А, децата имаат право на детство.

„Поразени се и политиките на Оливер Спасовски, никој не верува во Македонија дека издавањето на 200 и кусур пасоши на најголемите белосветски криминалци од Колумбија до Турција, од Балканот, сите балкански земји во соседството имаат македонски пасоши, и дека виновни за тоа се не знам госпоѓата или тетката во пасошот која што читала или дека виновен е не знам човекот што го ставал печатот таму. Не, подлабока е работата“, потенцираше Ѓорчев.

Ѓорчев укажа дека граѓаните не веруваат дека сосема случајно дрога била заборавена пет години во автомобил.

Најнови вести