среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Заев е насилник кој со својата деструктивна политика уништува невини македонски семејства

Зоран Заев не е жртва туку садист и насилник кој што осудува луѓе, кој што десетици и десетици семејства зацрнуваи кој што се иживува врз тие луѓе. Јас немам видено во плуралната историја на Македонија од 90-та година досега наваму човек кој што бил толку деструктивен, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што мисли Народот“ на ТВ Стар говорејќи за неправедно осудените во случајот 27-ми април.

Ѓорчев додаде дека човек кој што ќе стави во зандана луѓе десетици и десетици луѓе, а истовремено ќе пушти и ѓе дава тендери на човек кој што отворил врата и ќе прави коалиција со него, тоа не е добар човек или пак конструктивен.

„За жал она што го гледам кај Зоран Заев е желба за одмазда, желба за деструкција, уништување на цели семејства, уништување на политички соперник. Ваков зулум како што тој му прави на ВМРО-ДПМНЕ и на десетици и десетици семејства во Македонија 30 години наназад сме немале“, појасни Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека кога Заев оди надвор од државата кај држави кои што не сакаат името Македонија да спомнат таму тој оди со раката на срце, се смешка, тогаш е понизен, тогаш буквално моли, проси за било каква помош, за било каква вакцина. -А кога Заев ќе дојде дома, во Македонија тогаш час мед од уста му тече, а позади сцена нарачува свирепи пресуди, садизам, измачување на луѓе и уништување на животи.

Најнови вести