понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиев: Високиот претставник од МНР ми рече „да знаеш за ова лично ќе ти се одмаздам“

Ѓорѓиев: Високиот претставник од МНР ми рече „да знаеш за ова лично ќе ти се одмаздам“

Професорот Ванчо Ѓорѓиев кој си замина од историската комисија со Бугарија за „Тема на денот“ на Сител вели дека по неговата најава дека ја напушта комисијата и откако објави дека висок функционер во МНР се мешал во работата на комисијата добил и закани и за тоа го повикува министерот Османи да спроведе истрага.

– Бидејќи Османи кој се однесува во случајот кон мене како во османско време како кадија, судија, извршител. Јас ќе го поканам и обзнанив дека откако заминав дека висок функционер од МНР се закануваше и лично кон мене откако не ме разубеди да се вратам, а потоа во вториот разговор од 43 секунди тој рече „да знаеш за ова лично ќе ти се одмаздам“.

Ѓорѓиев вели дека на состанок во се барало од комисијата да оди во Бугарија со физичко присуство да се одржи средбата и за тоа лично инсистирале Османи заедно со високиот функционер од министерството иако од бугарската страна било укажано дека е непожелно да има физичка средба заради ковид состојбата.

– Јас ќе го потсетам министерот да се присети на таа средба и го прашувам да одговори што бараше високиот функционер во просторијата каде се одржуваше средбата?, вели Ѓорѓиев.

Тој додаде дека исто така од тој претставник било барано да се вметнат измени за Цар Самоил кои се блиски до ставовите на Бугарија, а не на Македонија.

Најнови вести