петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиев: Владата крати 170 милиони денари од Буџетот наменети за изградба и реконструкција на студентски домови

Ѓорѓиев: Владата крати 170 милиони денари од Буџетот наменети за изградба и реконструкција на студентски домови

Владата има 670 илјади евра за набавка на цвеќиња, 40 илјади евра за набавка на кафе и 1 милион и 600 илјади евра за набавка на лубриканти, но нема за студентски домови. Владата крати 170 милиони денари од Буџетот наменети за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентите се уште чекаат да заврши реконструкцијата на блоковите В и Г во Студенстки дом „Гоце Делчев“, која иако беше најавена за во септември оваа година веќе месец ипол доцни, изјави за медиумите Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Министерот во изјава за медиуми во август годинава кажа дека реконструкциите се очекува да завршат во септември, три месеци подоцна студентскиот дом зад мене се уште наликува на градилиште. Блокот В е објект кој требаше да биде готов уште минатата година. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт истиот ќе беше и веќе во употреба. Двата блока кои се со капацитет од 600 легла се жртва за  неспособноста на власта. Најавуваа изградба на студентски град и дека истата ќе ја отпочнат во првите шест месеци од преземањето на власта, сега не само што не е отпочната  изградба на студентски град, туку проект кој веќе е започнат од страна на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од година ипол се развлекува.“

-Дополнително ситуацијата во студентските домови откако СДСМ е на власт не само што не е подобрена, туку се и влошува. Зачестија слики од револтирани студенти кои покажуваат како во нивната храна наоѓаат и бубачки, отпушоци и игли. Сето ова е одраз на погрешните приоритети на СДСМ. Младите добија безброј ветувања пред изборите. СДСМ вети многу, а не реализира ништо. Веќе поминува половина од нивниот мандат, а младите од оваа влада не видоа ништо добро. Ветуваа се, но не реализираа ништо. Време е оваа влада да си замине, потенцираше Ѓорѓиев.

Најнови вести