Не постои апсолутно никаков сомнеж дека тиквешкиот регион е за #ОбноваНаМакедонија.
Тоа го покажаа и докажаа граѓаните на Кавадарци, Неготино и Демир Капија денес на средбите, нивната желба за промени и враќање на Македонија во рацете на чесни политичари е посилна од било кога.
На народот навистина му е доста од лагите, манипулациите, арамилакот и понижувањата и цврсто е решен да му стави крај на сето тоа.
На 15 јули овој народ тука, но и низ целата територија на Република Македонија масовно ќе излезе и ќе ги казни Зоран Заев и СДС.
Потоа нѐ чека работа за темелна обнова на државата, за враќање на честа и достоинството, за да обезбедиме подобра иднина и работа и да си ги задржиме младите дома, а не да ни бегаат од државата.
Ние имаме план и се обврзуваме на тоа.
Да живее Македонија!