петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓурчевски: ЈО е должно да отвори истрага за снимката со Ден Дончев, бидејќи има индиции за сторено противправно дело

Ѓурчевски: ЈО е должно да отвори истрага за снимката со Ден Дончев, бидејќи има индиции за сторено противправно дело

Прикажана снимка која се појави на интернет со Ден Дончев како зема пари има индиции и основани сомненија дека е сторено противправно дејствие за кое што треба да се отвори истражна постапка, изјави магистерот по безбедносни науки Љубомир Ѓурчевски во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Тој истакна дека согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е должно да отвори истрага, а дали таа истрага ќе финишира со обвинителен акт или ќе се потврди дека нема докази за сторено кривично дело, тоа ќе покажат дејствијата кои се должни да ги преземат.

-Никој нема намера да преадуцираме вина, но држат сите дилеми кои се наметнуваат, дали се работи за приватна работа, по кој основ се земени парите, зошто се земени во кеш, дали тоа не се пари од друго кривично дело итн, рече Ѓурчевски.

Тој посочи дека Јавното Обвинителство треба да си ја поправи грешката и да отвори истрага и тоа е во интерес на јавноста и на странките да се докаже вистината.

-Доколку постојат основани сомненија и тие се потврдат со докази тогаш ќе следи обвинителен акт, па судот ќе оцени дали тие докази го потврдуваат кривичното дело, или не. Од без проблем сега создаваат проблем, каде јавноста ја вмешува политиката и кажува дека обвинителството е исполитизирано и се става во услуга на заштита на политички личности и се потврдува тезата дека неказнивоста е на големо ниво каде политичките елити никако да се судрат со правдата, заклучи вчера Ѓурчевски.

Најнови вести