Заради гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и непогоди, се формираат противпожарни единици. Многу малкумина од јавноста знаат кои се надлежности и улога имаат пожарникарите во секојдневниот живот на граѓаните .Затоа Македонски народе бидете горди на пожарникарите имајќи во предвид со колку проблеми се соочуваат(стари дотраени возила и опрема ) …тие даваат надчовечки сили за да ве заштитат . Состојбата е катастрофална и поразителна за земја која влезе во НАТО и е кандидат за членка во ЕУ. На власта побитни им се сите други процеси освен безбедноста на граѓаните и нивните имоти.
Одиме понатака,граѓаните прашуваат за следново, а се однесува за пожарот Глобал:
1. Зошто 1(едно) возило интервенира во првиот 1 час од дојавата за пожарот?
2. Дали за време на пожарот во противпожарната единица во Струмица имало само 1 возач и ако имало зошто? – да нема обид да ги менуваат книгите за дневна состојба бидејќи праваат кривично дело
3. Дали командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица се има стекнато со лиценца за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот, пред Комисија формирана од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување?
4. Дали командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица се има стекнато со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование ,ако нема како се има вработено согласно законски одредби за пожарникарство? –или можеби како што велат граѓаните доволна била роднинската врска со поранешниот кмет ,а сега премиер
5. Колку од пожарникарите во Територијалната противпожарна единица од Струмица имаа сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и доколку го имаат како го имаат стекнато ? – доколку го немаат и нивниот живот е загрозен
6. Кој ја контролира исправноста на хидранската мрежа и пп апаратите во Глобал?
7. Дали Дирекцијата за заштита и спасување ја имаат потребната документација за мерките за заштита од пожари и доколку ја имаат кој ја одобрил и контролирал понатака?
Заклучок: Доколку се констатира дека командирот на Територијалната противпожарна единица во Струмица не поседува сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и се нема стекнато со лиценца за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот ,ги охрабруваме граѓаните да ја тужаат локалната самоуправа и останатите институции заради нестручно извршување на работните задачи,бидејќи со таквиот чин ја загрозиле безбедноста на граѓаните и нивните имоти.
Во следниот период ,Македонската јавност ќе биде запознаена за вистината на ПОЖАРНИКАРИТЕ за нивната голгота и скандали со материјални докази од Скопје, Прилеп,Битола,Штип, Куманово, Струга, Охрид, Тетово итн.Време е да се отвори пандорината кутија и институциите да постапуваат секаде каде што се кршат законите и има судир на интереси. Пожарникарите се нашите херои ,тие се грижат за безбедноста на граѓаните и имотите од повеќе видови на закани , граѓаните ги плаќаат и ја заслужуваат вистина за нив.