петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Го пуштија Дончев да се брани, Филипче никаде го нема: Молчат за скандалот во кој се обвинети дека се вмешани

Го пуштија Дончев да се брани, Филипче никаде го нема: Молчат за скандалот во кој се обвинети дека се вмешани

Против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и против актуелниот министер за здравство Венко Филипче е поднесена кривична пријава, во која оштетената скопјанка Вера Иванова тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Ова го пишува новинарот Бранко Героски кој прв ја обелодени аферата „Рекет“.

По скандалозните обвинувања, во јавноста се отворија многу прашања, но директорот и министерот очигледно немаат намера да ги одговорат.

Директорот на Фондот, Дончев денес одржа прес-конференција, за која цела Влада најверојатно сфати дека беше катастрофална грешка. Дончев целосно конфузен, едвај го кажа воведот, а на новинарските прашања целосно се изгуби.

Немаше одговор дали остварил контакти со Зоки Кичеец, па наместо тоа покажуваше слајдови за тоа колку приход има Диамед.

Не сакаше јавно да зборува за својата вмешаност и за контактите кои ги остварувал со луѓето кои се дел од оваа афера, туку менуваше тема и повторуваше едни исти тези.

Се пофали дека лично го поканил новинарот Бранко Героски да биде дел од прес-конференцијата, но тој му одговорил дека има други обврски. Потоа Дончев иронично се обрати кон новинарот од ПлусИнфо повикувајќи го да постави прашање, но тој не сакаше.

Власта го пушти Дончев да се оправда, а тој се вплетка уште повеќе.

Но, каде е министерот Филипче? Никаде го нема! Можеби Дончев навистина не кажа ништо да се испере од скандалот, но министерот не ни проговори за истиот.

Најнови вести