петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Го сакам Водно“ со критики до Владата: По сите мега пропусти, непознат сторител пробил нелегален пат?

„Го сакам Водно“ со критики до Владата: По сите мега пропусти, непознат сторител пробил нелегален пат?

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, со отворен допис до Владата на Република Македонија.

Нивните критики, ги пренесуваме во целост:

На сите МЕГА ПРОПУСТИ и покрај вашите “СТРОГИ” надзори, секојдневно присуство на работници кои пробиваат гасоводна траса, патролирање на шумарска полиција, инспекторирање од сите можни инспекции – СЕПАК УСПЕА НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ ДА ВИ ПРОБИЕ НЕЛЕГАЛЕН ПАТ ОД ЦЕЛИ 1.5км?!

Од чекор во чекор, нештата не само што не се подобруваат за Водно, туку драстично се влошуваат!

Законот за Водно, кое толку сакавте да го заштитите, ќе го донесете откако Водно целосно ќе се искасапи?! Откако ќе се пробие уште некој булевар?!

Каде е “СТРОГАТА и ПРЕЦИЗНА” контрола Министерство за животна средина и просторно планирање ?!
Каде е ГРИЖАТА за Водно Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup?!
Каде е ДЕТАЛНИОТ надзор на МЕР ?!
Каде е РЕДОВНАТА инспекција на Инспекторат на град Скопје и ДИЖС?
….

Влада на Република Македонија, нели го Сакавте Водно?!

На толку воочени недостатоци, уште НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ ДА ВИ ПРОБИЕ НЕЛЕГАЛЕН ПАТ пред нос, е навистина НЕДОЗВОЛИВО!

Недовербата во институциите се докажува дека е целосно оправдана.
По стоти пат: ТРГНЕТЕ СЕ ОД ВОДНО!

* на видеото можете да го проследите пробиениот пат од с.Грчец па се до ископаната Гасоводна Траса.

Очекуваме објаснување за овој пат
Влада на Република Македонија Град Скопје ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup Инспекторат на град СкопјеМЕР Министерство за животна средина и просторно планирање

Најнови вести