понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гоце „Вегета“ не бил замрзнат во Левица поради знамето од кутлеш, конфликтност било во прашање

Гоце „Вегета“ не бил замрзнат во Левица поради знамето од кутлеш, конфликтност било во прашање

Одговарајки на новинарско прашање во рамки на синоќешната кооординативна средба за мобилизација на членството на Левица во Делчево претседателот на Левица Димитар Апасиев ја расчисти дилемата за замрзнувањето на членството на Гоце Цветковски (популарно наречен Вегета) од Охрид.

-Ние не ги забрануваме нашите членови да носат знамиња и од Социјалистичка Република Македонија и од Античка Македонија бидејки тоа е еден историски континиум кој го има Македонскиот народ. Гоце беше колку што јас знам, му беше замрзнато членството поради конфликтност со членовите на самиот локален огранок. И по нивна иницијатива е замрзнато членството, нема врска со никаква симболика, рече Димитар Апасиев како одговор на поставеното прашање.

извор: bregalnicki.mk

Најнови вести