сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГОДИНАВА НЕМА СКОКАЊЕ ПО КРСТОТ – МПЦ повика празникот да се прослави во храмовите

ГОДИНАВА НЕМА СКОКАЊЕ ПО КРСТОТ – МПЦ повика празникот да се прослави во храмовите

Оваа година се откажуваат масовните собири за чевствувањето на празникот Богојавление- Водици. Ова се кажува во соопштението на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија.

За прв пат по три децении од возобновувањето, ќе нема масовни прослави за Водици на реките и езерата во Македонија. Синодот на МПЦ-ОА, одлучи годинава да го одложи чествувањето поради панедемијата, но сепак Богјавление, или големиот водосвет, црковно ќе се слави во дворот на Храмовите, пренесува ФАКТОР.

Тоа практично значи, оваа година нема да има скокање по светиот Крст и нема да ги има масовните собири на бреговите околу реките и езерата.

– Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, во духот на препораките добиени од страна на Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за јавни собири, определени од Владата. Тоа подразбира верниците во храмовите да носат маски, да одржуваат пристојно меѓусебно растојание, а богојавленското осветување на водите во 2021 година да се одржи во кругот на храмовите. Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, стои во соопштението од канцеларијата на САС на МПЦ — ОА.

Најнови вести