Еден жител во земјава во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 отсто повеќе во текот на 2017 година.
Државниот завод за статистика објави дека во текот на 2018 година во земјава е создадено вкупно количество од 854.865 тони отпад, а количината на собран комунален отпад изнесува 625.386 тони, што претставува, пак, 1,6 отсто помалку од 2017 година.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион 166.029 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава. Од вкупното количество собран комунален отпад, 509.002 тони или 81 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 19 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад).
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад 535.604 тони или 85,6 отсто, а најмало количество отпад од гума 673 тони или 0,1 отсто од вкупното количество собран комунален отпад.
Најголемото количество на собран комунален отпад 99,5 отсто се исфрла на депонија.