среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем пожар избувна кај Струмица

Голем пожар избувна кај Струмица

Голем пожар избувна денеска во 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица. Горат запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми.

Како што информираа од ТППЕ Струмица пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари.

Посочуваат дека пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума.

Причинета е значителна материјална штета, а екипите се уште се на терен и работат на целосно гаснење на пожарот.

Најнови вести