понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Поради катастрофалните политики на власта, на Македонија и се случуваат порази

Ѓорчев: Поради катастрофалните политики на власта, на Македонија и се случуваат порази

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за целата ситуација во државата каде јасно посочи дека поради оваа неспособна влада на Македонија и се случуваат голем број катастрофи.

-Во моментот главни теми во Македонија се темата со Бехтел и Енка и темата за уставни измени и проблемот со Бугарија и во тие две теми власта губи 100 спрема 0 и тоа не го ни кријат, ама велат ајде што повеќе корупција. Проблемот е што нам ни се случуваат уште 10 други теми кои што на некој начин поминуваат под радар, а кои сите до една се катастрофални за Македонија. Еве почнувајќи од тоа дека имаме најголема инфлација во регионот, дека имаме дупло поголема инфлација од ЕУ, дека немаме никакви инвестиции, дека имаме епско иселување од Македонија, па до тоа дека дојде месец мај завршува учебната година, а децата немаат учебници, рече тој.

Ѓорчев во текот на своето гостување потсети какви беше ситуацијата кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

-Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше и учебници и компјутер за секое дете каде на секои две недели се отвараа спортски сали по училиштата во Македонија, а децата сега немаат да имаат свидетелства и тоа неколку години по ред, потсети тој.

Во врска со ситуацијата во Македонија, Ѓорчев спомена и за ситуацијата во здравството каде истакна дека нема цитостатоци, лекови за ретки болести и така натаму.

-Нема цитостатоци, нема лекови за ретки болести, се чека рендген нема компјутер, луѓе умираат, нема мамографи и тие кои ги има не работат и не е набавен ниту еден нов мамограф, вели тој.

На крај Ѓорчев заклучи дека поради овие погубни политики оваа влада веќе никој не ја брани.

-На крај она кое го гледам е дека оваа влада веќе никој не ја брани, додаде тој.

 

Најнови вести