Марјан Ѓорчев, во своето гостување во радио Лидер зборуваше за случувањата поврзани со Никола Груевски односно кој е интересот на Груевски да работи за уставни измени и потенцираше дека сето ова се прави во период кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, стабилно и со најголем број на градоначалници во историјата на локалните избори.
-Тука е и проблемот, што необјасниво е зошто тој би превземал било каква акција во делот да може да се разруши стабилноста на ВМРО-ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, после конгресот, каде со акламација е избран, проф.д-р Христија Мицкоски. И второ каде што на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ е во водство и со најголем број на градоначалници во историјата на локалните избори во Република Македонија, рече тој.
Ѓорчев во текот на своето гостување порача дека не ја гледа логичноста да еден поранешен претседател на партија кој е легитимно назначен и разрешен така да се однесува.
-Не ја гледам човечката логика на еден претседател кој бил толку години, кој е избран според тоа како предвидуваат статутите на ВМРО-ДПМНЕ и разрешен на начин како што предвидуваат статутите на ВМРО-ДПМНЕ, и според мене за еден човек да остане човек до крај, во вакви моменти треба да даде поддршкка, тој го прави тоа спротивното, вели Ѓорчев.
На крај Ѓорчев порача:
-Во овој момент се врши страшен притисок врз Република Македонија, врз институциите и тука веројатно е обидот на Груевски на некој начин не покажувајќу цврсто јадро во себе кој што ќе значи еден амалгам кој што ќе ги обедини Македонците и ќе каже јас ви порачувам од Будимпешта вие да бидете обединети, силни и да издржите под притисок на уставните измени.