„Ние тоа што го бараме е поддршка од ЕУ, работи кои што не можат да бидат политички интерпретирани тоа е култура, историја и образование, тоа е нешто што за кое што секоја држава има право да си го решава на начин за кој што постојат историски факти, за кои што постојат документи, за кои што постојат архиви. За тоа не би требало политиката да меша прсти и тука да имаме политички интерпретации на една или друга држава“, истакна Марјан Ѓорчев во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Ѓорчев додаде дека Македонија има дадено многу жртви за ЕУ, многу реформи направено.
„Бараме од ЕУ да ги почитува своите стандарди, Копенхашките критериуми и да го остави сето она нам што ни претставува пречка за нашето зачленување во ЕУ“, појасни тој.
Тој посочи дека време е Македонија да влезе во ЕУ. ЕУ има механизам преку своите работни тела да го реши проблемот со Бугарија.
„Прашања кои што не се дел од Копенхагешки критериуми не треба да се коментираат и да се услов за зачленување во ЕУ“, појасни Ѓорчев.
Тој укажа дека уставни измени пред зачленување е класична уцена. она што го бара опозицијата во моментов е легитимно барање и ЕУ треба да одговори правилно.