Курир направи интервју со потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓорѓиевски.
ССК не се согласува со воведувањето на солидарен данок во Македонија, а тој објасни и зошто.
-Данокот на екстра приход односно солидарниот данок не е соодветен во нашата држава. Сојузот на стопански комори смета дека иновативните компании, компаниите кои инвестирале во нови технологии, кои имаат раст кој се темели на внатрешни процеси и кои се успешни, не би требало да се оданочуваат со ваков данок. Понатаму имаме уште еден силен и важен аргумент. Законот е така поставен да има еден праг од 20 % кој тековно во минатите години раст оневозможува компании кои генерираат огромни профити, не влегуваат во тие кои ќе се одночат. Тоа е една нон сенс ситуација. Тие што се најпрофитабилни и најголеми, така е дизајниран самиот закон за да не ги опфати овие, што за нас е сериозно симптоматично. Вие не можете да оданочувате во ситуација кога на бизнисот му треба даночна предвидливост и му треба даночен календар. Од есенцијално значење е бизнисот да функционира врз основа на дефинирани тајминзи и даноци. Тоа е сложена тема која овозможува бизнисот да си ги предвидува сите трошоци, инвестиции, рече тој.
Ѓорѓиевски вели дека на овие силни аргументи никој од соодветните органи не одговорил.
Целото интервју со него погледнете го во продолжение: